(ВИДЕО) Овации, солзи и крај за Мареј на Австралијан Опен

Мечот кој беше испратен со посебно внимание заврши со пораз на Енди Мареј по повеќе од четири часа тенис.

Прес-конференцијата која Енди Мареј ја одржа пред почетокот на Австралијан Опен даде огромно значење на мечот кој Британецот денеска го одигра во Мелбурн.

Поради најавите дека Австралијан Опен би можел да биде последниот турнир кој ќе го одигра во кариерата, јавноста со посебно внимание го испрати денешниот дуел помеѓу Енди Мареј и Роберто Баутиста Агут.

Секој кој издвои повеќе од четири часа да го испрати дуелот на споменатите двајца не се покаја. Шпанецот имаше два сета предност, Мареј се врати „од мртвите“ и го внесе мечот во петтиот сет, но на крајот славеше Баутиста Агут со 3:2 (6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2).

По двата загубени сета делуваше дека Мареј експресно ќе биде елиминиран од првиот Гренд слем во сезоната.

Следуваше неверојатен кам-бек на Британецот, два добиени сета преку тај-брејк и влегување во петтиот сет во кој „црните серии“ го чинеа пораз.

Во ситуациите кога имаше брејк шанси Мареј не направи доволно добар избор на удари, а Баутиста Агут сурово ја казнуваше секоја грешка. Со два брејка Шпанецот го трасираше патот кон победата и на крајот го потврди пласманот во второто коло каде ќе се соочи со Џон Милман.

Победата на Роберто Баутиста Агут брзо ќе падне во втор план бидејќи јавноста со нетрпение ќе ја очекува реакцијата на Енди Мареј и одлуката дали ќе продолжи да се занимава со тенис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдобрата македонска тенисерка по подолг период освои титула: Лина најдобра во Белорусија

Кирјос: На многу тенисери им се допадна тоа што го реков за Надал и Ѓоковиќ

Стигна закана за Ѓоковиќ: Не од Надал, не од Федерер, туку од – Зверев!

(ФОТО) Надал направи чудесна фотографија: Чекав 15 дена за да ја објавам

ВИДЕО: Каква иронија – Надал на 16 години не го сакаше нештото во кое сега доминира!

ВИДЕО: На турнир во Казахстан го имаме еден од најбизарните поени во тенисот

Поплаките вродија со плод – Ролан Гарос од 2020 година прави радикални промени

Виландер како заштитник на Србинот: Новак беше во право за условите во Париз

Надал за разговорот со Федерер во полуфиналето од Ролан Гарос