(ВИДЕО) Ова е веќе навика: Хабиб го среди Поарие и пак излета од октагонот

Дагестанскиот учесник во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов го победи Дистен Поарие и ја одбрани титулата во лесна категорија, стигнувајќи до биланс 28-0 во кариерата.

Французинот се предаде во третата рунда, но дури и да не се случеше тоа, Хабиб лесно ќе дојдеше до победата. Единствено во втората рунда Поарие имаше неколку удари, но неговата серија брзо заврши.

Веднаш по мечот Нурмагомедов повторно излета од октагонот, но сега не да се тепа, туку отиде во прегратка на првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт.