ВИДЕО: Одлична акција и потег со пета за гол во мрежата на Арсенал

Финалето од ФА Купот и неможеше да почне подобро, отколку со гол во раната фаза.

Челси води по 6. минута од натпреварот со голот на младиот Кристијан Пулишиќ, кој беше проигран елегантно со пета од Оливие Жиру.

Одбраната на Арсенал во тие моменти делуваше конфузно, веројатно и подисплашени дека ќе направат пенал, не сакаа да го срушат Пулишиќ во нивниот шеснаесетник, а овој го матира Мартинез.