(ВИДЕО) Одбраната на Митревски најдобра, а голот на Столе втор најубав во четвртото коло

ЕХФ ги избра најубавите и најдобрите индивидуални потези на четвртото коло во Лигата на шампионите.

Очекувано, најдобрата голманска интервенција му припадна на македонскиот голман Никола Митревски кој на фантастичен начин, со „голманска“ интервенција ја зачува својата мрежа на мечот меѓу Порто и ПИК Сегед.

Од друга страна, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, исто така се најде на Топ 5 листата на ЕХФ кога станува збор за најатрактивните погодоци на колото. Пикерот на Вардар 1961 синоќа против Фленсбург постигна мошне атрактивен гол, кој на крајот сепак беше доволен за второто место, веднаш зад Лук Абало.