(ВИДЕО) Од полуфинале до елиминација: На Аталанта и се случи – Јунајтед!

Како што пред 21 година Баерн Минхен загуби од Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите, така вечерва Аталанта беше елимирана од ПСЖ во четвртфиналето од истото натпреварување.

Со голот на Пашалиќ во првото полувреме, италијанскиот тим водеше до 90. минута и се чинеше дека ќе биде најголема сензација во последната деценија. Но, ПСЖ одлучи да ги остави сите проклетства зад себе. Прво Маркињос во 90. минута го израмни резултатот, а во третата минута од судиското продолжение Чупо Мотинг му донесе победа од 2-1 на францускиот тим.

Првпат по 25 години ПСЖ ќе игра во полуфинале од Лигата на шампионите, а таму противник ќе му биде Атлетико или Лајпциг.