(ВИДЕО) Очаен Јувентус, фантастичен Интер

По три победи во низа, екипата на Јувентус доживеа болен пораз во големото дерби против Интер.

„Нераѕурите“ го одиграа можеби најдобриот натпревар сезонава иако резултатот тоа не го покажува до крај, победија со 2-0 и тотално го надиграа актуелниот првак. Во текот на сите 90 минути ја контролираа играта, не дозволија Јувентус да се разигра и да ја загрози победата и на крајот заслужено ги освоија бодовите.

Резултатот го отвори Артуро Видал во 12. минута, а точка стави Барела во седмата минута од второто полувреме. Иако се очекуваше, Јувентус не направи притисок, а и не покажа желба да дојде до пресврт.

По овој натпревар, Интер се израмни со Милан кој утре треба да се сретне со Каљари, додека Јувентус е петтопласиран со седум бода, но и натпревар помалку.