(ВИДЕО) Ново моќно издание на „кралевите“ за челно место на табелата

Реал Мадрид се чини фаќа посакуван ритам отако по убедливата победа во рамки на ЛШ против Галатасарај, вечерва беше повторно сигурен и моќен.

На гостувањето кај Еибар во рамки на Примера славеше со висок резултат од 0-4 и се искачи на челното место на табелата.

Победникот на мечот беше решен уште по пола час игра кога резултатот на семафорот гласеше 0-3 во полза на „кралевите“. Од пенал стрелаше Бензема, а потоа од белата точка погоди и Рамос. Французинот погоди и од игра за 0-3 на паузата.

Печат на победата во вториот дел по еден час игра стави Валверде (0-4). Дали ќе преноќат на челното место, за „кралевите“ ќе биде јасно по мечот помеѓу Барселона и Селта.