ВИДЕО: Ново финале за Голден Стејт – Кари повторно главен диригент

Кошаракрите на Голден Стејт се пласираа во финалето од НБА, откако во четврти от меч од финалната серија на Западот, по продолженија беа подобри од Портланд со 119:117.

Вориорси уште еднаш по тврдија дека моментално се една од најдобрите екипи на Западот, бидејки ова за нив е петто последователно финале.

Во тимот на Голден Стејт поради повреда го немаше Кевин Дурент и Андреа Игудала, ни тоа не им беше пречка да стигнат до ново финале.

Спектакуларен меч за Вориорс имаше Кари, 37 поени, 13 скокови, 11 асистенции, додека Дрејмонд Грин забележа 18 поени, 14 скокови, 11 асистенции и 3 украдени топки.

Клеј Томпсон мечот го заврши со 17 поени, на другата страна изненадно најефикасен беше Мајерс Ленард со 30 поени и 12 скокови.