ВИДЕО: Новинарската посветеност и залутаниот „проектил“ во главата на коментаторот

Вчерашниот меч Германија – Холандија од ЕП, го красеа многу атрактивни потези и голови, но и една уникатна ситуација.

За време на загревањето на ракометарите на двете репрезентации, известувајки за германската „ZDF“, нивниот новинар беше почестен од еден проектил.

Ударот беше навистина силен, но тој по неколку секунди надвор од кадарот, им се врати на своите обврски.