(ВИДЕО) Ноле фати баскет во рака, па го предизвика Леброн Џејмс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во центарот на вниманието во последните неколку недели.

Ѓоковиќ реши да ја започне турнејата Адрија, која ќе се игра низ целиот регион, а освен тоа, тој често ја коментира и моменталната состојба на тенисот, што на многумина не им се допаѓа.

Но, очигледно е дека Новак ужива во вниманието што го привлекува во последно време затоа што тој се рекламира на социјалните мрежи почесто од вообичаеното.

Српскиот тенисер објави видео денес, во кое игра кошарка, и реши да се пошегува и да го повика Леброн Џејмс на дуел.

View this post on Instagram

Am I ready for a 1:1 @kingjames? 💪🏼

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Ќе биде интересно да се види дали кошаркарот на ЛА Лејкерс ќе го прифати овој предизвик од светскиот тенисер број еден во светот.