(ВИДЕО) Ни ВАР, ни пенал… Јунајтед никако не може да го победи Вулверхемптон

Четврти натпревар откако Вулвс се вратија во Премиер лигата, трет под водство на Оле Гунар Солскјер, Манчестер Јунајтед не може да го победи овој ривал.

Два пати славеа „волците“, мечот на Олд Трафорд заврши 1-1, исто како и вечерашниов во рамките на второто коло од Премиер лигата. Марсијал повторно погоди, но со фантастичен проектил Рубен Невес во вториот дел го израмни резултатот.

Во таа ситуација главниот судија ја прегледуваше снимката и се консултираше со ВАР собата, но офсајд немаше. Шанса да му донесе на Јунајтед уште два бода имаше Пол Погба од пенал во 68. минута, но неговиот удар го одбрани Руи Патрисио.