(ВИДЕО) Нгану го згази Миочиќ и му ја зеде светската круна

Светот доби нов шампион во тешка категорија во УФЦ. Камерунецот Френсис Нгану дојде до појасот во голем стил, откако во реваншот го прегази Стипе Миочиќ, досегашниот првак.

Американецот со хрватско потекло Миочиќ пред три години го победи Нгану на поени во пет рунди, но Африканецот добро го запамети тој пораз, вредно работеше, ја „малтретираше“ конкуренцијата, трпеливо чекајќи ја шансата за реванш. И успеа да го одработи беспрекорно.

Од првата до последната секунда од мечот Нгану доминираше, го погодуваше Миочиќ од сите позиции уште во првата рунда и малку недостасуваше судијата да ја прекине борбата уште тогаш. Стипе успеа да се извлече до почетокот на втората рунда, но пресуди еден аперкат, од кој Американецот одлета на оградата, а Камерунецот по ова само го докрајчи.

Со ова, Френсис Нгану стана првиот африкански шампион во УФЦ, а својот скор го поправи на 16:3. Додека Миочиќ по мечот заврши во болница, не можеше да дојде на прес-конференцијата, Камерунецот најави нов меч и тоа против Џо Џонс. Ова е втор пат за Хрватот кој се натпреварува под американско знаме да го губи појасот, првиот пат подобар од него беше Даниел Кормие.