(ВИДЕО) Незапаметен нокаут: Го „заби“ за под додека противникот му лежеше без свест

Хјустон Александар брутално го нокаутираше Вес Комбс за време на борбата во Омаха.

Александар ја заврши работата со еден удар во првиот круг. Со десно кроше го удри Комбс точно во брадата и падна како покосен.

Александар не беше задоволен од тоа. Го удри уште еднаш страшно противникот додека лежеше без свест и сигурно е дека ќе имаше повеќе удари доколку судијата не реагираше.

Александар изгледаше многу воинствено. Му довикуваше на Комбс додека лежеше на земја и судијата едвај го спречи.