ВИДЕО: Несторовски му обезбеди големи три бода на Удинезе – Интер рутински против Џенова

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски, во самиот финиш од средбата против Фиорентина, им обезбеди три исклучително важни бодови на Удинезе.

Тимот од Удине во 86 минута оствари минимален триумф, благодарение на голот кој го постигна Илија Несторовски и кој сега Удинезе го однесе на 12-та позиција, нешто подалеку од опасната зона во која беа пред овој натпревар.

Интер рутински оствари лесен триумф против Џенова и Горан Пандев со 3:0. Стрелци на головите за „нераѕурите“ денеска беа Ромелу Лукаку во 1-та минута, Дармијан во 69 минута и Алексис Санчез во 80 минута. Сите овие тројца играчи во минатото, беа дел од таборот на Манчестер Јунајтед.

Каљари оствари гостинска победа кај Кротоне со 0:2, додека нешто порано денеска, Аталанта исто така оствари гостинска победа кај Сампдорија со 0:2.

Во 18 часот се игра мечот Наполи – Беневенто, додека од 20:45 е дербито Рома – Милан.