Играчот на Торонто блу џојс, Дани Џансен, влезе во историјата на најсилната бејзбол лига на светот, американската МЛБ лига, како прв играч кој играл за два различни тима на ист натпревар!?
Џансен беше играч на Бостон ред сокс до 27 јули кога беше трејдуван во Торонто блу џојс. Натпреварот меѓу овие два тима што беше закажан за 26 јули, а во кој Јансен беше дел од Ред сокс, беше прекинат поради силниот дожд.
Натпреварот беше продолжен и комплетиран два месеца подоцна, а бидејќи Џансен во меѓувреме го смени клубот и дресот, во понеделникот се најде во составот на Блу џојс.
Торонто го доби тој натпревар со 4:1, а овие две екипи во текот на минатата ноќ одиграа уште еден натпревар во кој Торонто повторно победи со 7:3. Џансен беше назабележителен на двата меча.
Danny Jansen playing for 2 teams in 1 game explained ⬇️ pic.twitter.com/2Z3UBYGoAd
— MLB (@MLB) August 26, 2024