(ВИДЕО) Необична ситуација: Џејмс и Винкс го повредија Мурињо

Фудбалерите на Јунајтед во рамките на 15. коло од Премиер лигата го пречекуваат Тотенхем на домашен терен.

„Ѓаволите“ први дојдоа до водство во шестата минута преку Маркус Рашфорд, а половина час подоцна Деле Али го израмни резултатот.

Сепак, пред голот на гостите, се случи една навистина бизарна ситуација. Винкс стартуваше остро над Даниел Џејмс покрај аут линијата во близина на Жозе Мурињо.

Велшанецот падна и при падот незгодно со главата го закачи Мурињо по потколеницата, а притоа и самиот фудбалер незгодно си ја удри главата.

Португалецот направи болна гримаса, се фати за поверденото место, а неговиот асистент Жоао Сакраменто веднаш дотрча да му помогне на фудбалерот на Јунајтед по незгодниот пад.