(ВИДЕО) Некогаш беше најдобра „десетка“ во светот, а денес е друг човек

Европското првенство во фудбал е пред почеток и многу компании снимаат разни реклами за да ги промовираат своите производи.

Пред десет години Весли Снајдер беше најдобрата „десетка“ во светот додека го носеше дресот на Интер и пружаше одлични игри во дресот на холандската репрезентација.

Снајдер е во пензија веќе неколку години. Тој воопшто не игра фудбал, изгледа поразлично од она што го паметиме од теренот, поради очигледната вишок килограми.

Тој неодамна сними реклама во која пее со круна на главата. Поради мелодијата и ритамот, песната и рекламата за многумина изгледаат заразни.