ВИДЕО: Нејмар стравично го превитка зглобот, во ПСЖ стравуваат од тешка повреда

Пари Сен Жермен славеше на гостувањето денеска кај Сент Етјен со 1:3, но како данок на таа победа, ПСЖ го загуби Нејмар.

Бразилецот беше во дуел со еден од играчите на домашниот тим, кога неговиот противник проклиза и го фаулираше, а падот на Нејмар не беше нималку наивен.

Јасно се гледа како тој го превиткува својот зглоб, а на заб авената снимка се гледа дека тоа е всушност доста болно и дека веројатно се работи за нешто посериозна повреда.

Нејмар побара лекарска помош веднаш, но не успеа да се подигне, па го изнесоа на носила од теренот.

Скоро сигурно е дека го очекува неколку неделна пауза, а тоа ќе го дознаеме деновиве кога ќе известат официјалните лица од ПСЖ.