(ВИДЕО) Нејмар ќе полуди кога ќе виде што направија навивачите на Марсеј со неговиот дрес

Огромна прашина се крена во неделата вечерта по мечот ПСЖ – Марсеј на кој гостите славеа на крајот со 0-1.

Марсеј успеа да стигне до три бода на Паркот на принцовите, но сето тоа падна во втор план поради инцидент на крајот од мечот. Имено, се водеше тепачка помеѓу играчите на овие екипи во судиското продолжение, а главниот судија покажа дури пет црвени картони.

Во ПСЖ „поцрвенеа“ Курзава, Паредес и Нејмар, додека Амави и Бенедето добија црвени картони во гостинскиот тим.

После натпреварот, во центарот на вниманието беше Нејмар кој го обвини играчот на Марсеј, Алваро, дека го навредувал на расна основа и дека всушност го удрил за тоа.

Но, многумина објавија дека Нејмар исто така многу го навредувал Алваро со неговите хомофобични коментари и дека тој не е невин како што го претставува. Нејмар во моментов е најомразената личност во Марсеј, и во овој град се потрудија да го покажат тоа.

Имено, пред фан-шопот во Марсеј, на влезот беше поставен дрес на Нејмар како подлога за чевли, нешто што се гледа еден од фановите на овој клуб објави видео како влегува во продавницата.