(ВИДЕО) Неговото величество Лео Меси тргна по седмата Златна топка!

Вечерта кога пред навивачите на Барселона ја претстави рекордната шеста Златна топка, најдобриот фудбалер на сите времиња тргна по седмата.

Барса ја совлада Мајорка со 5-2, а хет-трик и тоа каков постигна Лионел Меси. Всушност, сите пет гола на шпанскиот првак беа кој од кој поубави. Резултатот го отвори Гризман, потоа на сцена стапи Меси, а пред крајот на полувреме му се приклучи Суарес со еден од најубавите голови во историјата на Ла Лига.

На спротивната страна Будимир постигна два гола, но впечаток е дека Барселона пропушти можност до врв да ја наполни мрежата на Мајорка. И покрај тоа дојде до четвртата „петарда“ на домашен терен оваа сезона по Бетис, Валенсија и Ваљадолид.