ВИДЕО: Не, не сонуваат: Холштајн Кил го сруши Баерн Минхен на пенали во Покал клубот

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа беа елиминирани од Купот на Германија, во рамки на 1/16- финалната пресметка против нисколигашот Кил, кој по регуларните 2:2 во првите 90 минути, победи на пенали со 6:5.

Баварците беа очигледно подобар ривал, но Кил ги казни грешките во нивната игра, дојдоа до егал ситуација и на крај триумфираа на пенали.

Членот на „цвајт“ или втората германска фудбалска лига направи сеопшто изненадување со ваков подвиг.

Гнабри и Сане беа стрелци за Баерн Минхен во првите 90 минути, но на крај во серијата пенали, единствен кој промаши беше Роча.

Кил во осминафиналето ќе се состане со Дармштад.