(ВИДЕО) НБА ѕвездата со панцир дојде на меч: Исплашени сме

НБА-лигата конечно продолжи, после долго пауза поради пандемијата на коронавирус. Првите натпревари се одиграа во „балонот“ во Орландо, а Јута џез беше на терен

Џезз успеа да го совлада Њу Ореланс Пеликанс со 106-104, а ѕвездата на тимот на Јута, Донован Мичел, постигна 20 поени.

Сепак, тој се најде во центарот на вниманието затоа што пристигна на натпреварот со блиндиран елек, и го однесе на прес-конференцијата по натпреварот.

Тој објасни дека блиндираниот елек е неговиот начин на испраќање порака против полициската бруталност. Имено, имињата на црнците кои беа убиени од полицијата во последните 10 години беа испишани на елекот.

Мичел објасни дека без оглед на кариерата, парите и славата, црнците во Америка сè уште се чувствуваат несигурно заради полицијата.

„Како Афроамериканци … Мака ни е и исплашени сме“, рече Мичел.