(ВИДЕО) Навивачите на Јунајтед со морничава песна му се заканија на Ед Вудворд

Манчестер Јунајтед загуби од Барнли на домашен терен, а тој пораз ја прелеа чашата кај навивачите.

Во натпреварот кој играчите на Јунајтед го загубија со 2:0 беа видени сцени како навивачите го напуштаат „Олд Трафорд“ многу пред последниот судиски свиреж.

Навивачите на „Црвените ѓаволи“ најавија голем протест на натпреварот против Вулверхемптон на 1. февруари, кога голем број навивачи во 58. минута ќе го напуштат стадионот со цел да и покажат на управата што мислат за нејзиното досегашно работење.

За време на мечот со Барнли навивачите ги споменаа и семејството Глејзер и Ед Вудвор, а во своите песни уфрлија и навистина морничави и заканувачки стихови.

„Ед Вудвор, ќе умреш. Не знаеме како ќе те убиеме, ќе те исечеме од глава до прсти, се што знаеме е дека Ед ќе умре“, гласеше песната на навивачите на Јунајтед.