(ВИДЕО) Навивачите го блокираа автомобилот на Меси, не му даваат да си оди

Лионел Меси си замина од Барселона. Со долг аплауз на сите присутни, Меси не можеше да ги задржи солзите. Откако аплаузот заврши, Меси застана на говорницата и едвај говореше. Во солзи се прости од Барселона, ја кажа својата приказна и трпеливо одговараше на прашањата на новинарите.

Меси со своето семејство по прес-конференцијата го напушти „Камп Ноу“. Но, тоа заминување не помина така лесно. Голем број навивачи на Барса кои се собраа пред „Камп Ноу“ за време на прес-конференцијата го блокираа автомобилот на Меси и не сакаа да му дозволат да си замине. Навивачите го скандираа името на Аргентинецот, а тој трпеливо чекаше во автомобилот да го пуштат да си замине.

На крајот, навивачите го пуштија да си оди за Меси да може да ја продолжи својата кариера некаде далеку од „Камп Ноу“, местото кое беше негов дом 21 година.