(ВИДЕО) Наполи е во четвртфиналето од Копа Италија, Елмас доби 90 минути од Гатузо

Наполи славеше со 2:0 против екипата на Перуџа во осминафиналето од Копа Италија и успеа да се пласира во следната рунда, а нашиот Елиф Елмас одигра 90 минути.

Новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, реши да му даде шанса на нашиот репрезентативец Елиф Елмас за првпат како стартер да настапи за својата екипа. И покрај тоа што Гатузо одлучи да направи неколку замени во тимот, дел поради повреди, а дел поради ротација, Наполитанците сепак имаа мошне квалитетен состав на теренот, а тоа им донесе победа од 2:0 и пласман во следната фаза.

Двата гола беа дело на Лоренцо Инсиње од пенал во текот на првото полувреме. Пенал имаа и фудбалерите на Перуџа, но не успеаја да го искористат, односно Оспина го одбрани ударот на Имело.

Елмас одигра солиден натпревар и успеа да се закани во два наврати, по еднаш во двете полувремиња, но не успеа да постигне погодок.

Наполи во осминафиналето ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Лацио и Кремонезе.