(ВИДЕО) Најлудата прослава на медал во Токио, тренерот буквално полуде

Едно од најголемите изненадувања на Олимписките игри во Токио го приреди австралиската пливачка Аријарне Титмус, која вчера во трката на 400 метри во слободен стил ја победи петкратната олимписка шампионка, Американката Кејти Ледецки и го освои златниот медал.

Ниту самата Австралијка не можеше да верува каков успех постигна, а што може да се каже за нејзиниот тренер Дин Боксал кој буквално полуде од среќа и не знаеше што да прави со себе, додека јапонските редари го гледаа со чудење, обидувајќи се да го „доведат во ред“.

Погледнете го урнебесното славје на тренерот на австралиската пливачка.