(ВИДЕО) Најлудата изјава на Ѓоковиќ – траеше 10 секунди и избега

Новинарот на Радио телевизија Србија се обиде во директно вклучување да добие изјава од Новак Ѓоковиќ по поразот од Александар Зверев во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

Тоа тотално не му успеа. Српскиот ас се мачеше да каже нешто, а потоа само ја напушти микс зоната.

„Не знам, немам поим искрено… Сега, ова… Не знам што да кажам“, рече Ѓоковиќ по што целосно разочаран замина во соблекувалната.

Ова беше можеби последна шанса за него да дојде до златен медал, односно титула на Олимписки игри. За три години, во Париз ќе има 37 години и прашање е дали воопшто ќе учествува.