(ВИДЕО) Надал спаси меч-топка, па го демолираше Циципас за титулата во Барселона

Фантастично финале во Барселона! Спектакуларен меч одиграа Рафаел Надал и Стефанос Циципас во кој имаше и пропуштени меч-топки, а една таква имаше и самиот Грк во финишот од третиот сет, но на крајот мораше да капитулира пред кралот на земјената подлога кој славеше со 2:1 (6:4, 6:7, 7:5) во сетови и по 12-ти пат во кариерата го освои турнирот во Каталонија.

Талентираниот Циципас пропушти шанса во 10-тиот гем меч-топка и тоа на вториот сервис на Надал, по што се очекуваше Шпанецот да го добие, а на крајот тоа и се случи по точно три часа и 40 минути игра и тоа со брејк на Рафа во 11. гем од третиот сет.

Циципас до финалето во Барселона стигна без загубен сет на земјена подлога оваа сезона, по освојувањето на Мастерсот во Монте Карло. И покажа брутален отпор против Надал, во одредени моменти беше и поблиску до победата, но едноставно Надал е неприкосновен на земја.

Циципас и во првиот и во вториот сет тргна подобро, само нивните исходи беа различни. Во првиот водеше со 3:1 и имаше брејк шанса, но му дозволи на Надал да се врати и целосно да направи пресврт за сет. Во вториот сет на време успеа да ја заврши работата со што дојде до тај-брејк по кој израмни на 1:1.

Надал имаше две меч топки при резултат 5:4, но Гркот се извлече и израмни на 5:5.

Драмата беше загарантирана, а истата се случи во третиот сет. Двајцата го чуваа својот сервис, а Циципас пропушти меч-топка во десеттиот гем при сервис на Надал. Тоа подоцна го чинеше пораз, а беше на чекор од победа над Шпанецот и тоа среде Барселона.

Воедно ова беше и прв пораз за Циципас на земјена подлога оваа сезона.