ВИДЕО: На турнир во Казахстан го имаме еден од најбизарните поени во тенисот

Еден од најбизарните поени оваа сезона беше виден на Челинџ турнир во Казахстан, во конкуренција на двојки.

Ситуацијата се случи на мечот од осминафиналето во дубл конкуренција, во која Џазири и Мансури играа против Кинг и Рис.

Туниските тенисери беа соочени со две брејк шанси, а по лошиот ритерн на Кинг, изгледаше како да е првата брејк шанса спасена.

Џазири тргна кон столчето на судијата, но потоа некако топчето се врати назад и им се одби од мрежа и повторно дојде до нивното поле.

Мансури успеа да одреагира, но на крај тие го загубија поенот кој сите веќе го гледаа како загубен претходно.