ВИДЕО: На сред ракометен натпревар – во салата влета спортски џип со полна брзина

Сосема ретки се сцените кога на ракометен натпревар може да влета во спортски објект некое моторно возило.

Таков инцидент се случи на натпревар во машки ракомет, каде играа младинци до 14 години, на натпревар помеѓу екипите на Беденс и Карлшхтат.

Сигурно дека присутните кои ги гледаа младите момчиња не очекуваа ваков „упад“, каде на сред натпревар во еден дел од спортскиот комплекс им влета спортски џип.

Поради безбедност, коментаторот на натпреварот ја замолил публиката да ја напушти салата, бидејки не знаеле за каков обид станува збор.

Возачот бил под дејство на алкохол кога влетал во салата, по што направил значајна материјална штета, но сепак добро е што нема никакви повреди и несакани ситуации.