(ВИДЕО) Мурињо пристигна на „Олд Трафорд“ за првпат по отказот во Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва играат на домашен терен против Тотенхем во рамките на 15. коло од Премиер лигата.

Мечот на „Олд Трафорд“ се наоѓа во центарот на вниманието бидејќи на овој стадион по речиси една година се враќа Жозе Мурињо.

Португалецот доби отказ во Јунајтед кон крајот на декември минатата година, додека пред неколку недели нов ангажман доби токму во Тотенхем.

Експедицијата на лондонскиот клуб пристигна на „Театарот на соништата“, а во центарот на вниманието беше токму Мурињо кој срдечно се поздрави речиси со секој член на Јунајтед кој го сретна.