(ВИДЕО) Мото ГП со нова луда завршница, шампионот тешко поразен вторпат поразен во низа

Возачот на Сузуки Алекс Ринс победник е на денешната трка од Мото ГП шампионатот која се возеше на патеката Силверстоун во Велика Британија.

Во навистина спектакуларната трка Шпанецот за 13 стотинки успеа да го победи актуелниот шампион Марк Маркез, кој така ја загуби и втората трка во низа на ваков начин.

Тоа беше навистина луда борба меѓу Ринс и Маркез. На крајот возачот на Сузуки на спектакуларен начин дојде до победата.

Доминацијата на Шпанците ја потврди Маверик Виналес кој со Јамаха заврши како трет, а легендарниот Валентино Роси заврши на четвртото место.

За Ринс ова е втора победа сезонава, а таа го доведе до третото место во генералниот пласман со 149 бода.

Прв и понатаму е Маркез со 250 бода зад Андреа Довициозо кој собра 172 бода, но денеска доживеа тежок пад.