(ВИДЕО) Морбидно: Навивачите на ПАОК го славеа убиството на Бугаринот

Навивачите на ПАОК повторно покажаа дека немат душа. Во неделата кошаркарскиот клуб играше против Арис и славеше со резултат од 101-84.

Домашната екипа имаше бројна поддршка, но тажно е ако се знае дека мотивнот на песната на навивачите беше смрта на бугарскиот навивачи.

За потсетување, навивач од Бугарија кој бил дел од ултрасите на Ботев Пловдив кои се пак браќа со навивачите на Арис беше убиен во тепачка од страна на навивачит на ПАОК.

Ова се случи токму пред мечот, а за време на истиот од трибините се слушаше како домашните навивачи го слават убиството.

Може да ја погледнете реакцијата во салата откако навивачите на ПАОК дознаа дека умрел навивачот од Бугарија.