(ВИДЕО) Мораше да влезе Роналдо за да се спаси Јувентус

Екипата на Јувентус обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Италија откако потешко од очекувањата ја совлада Џенова со 3-2 и тоа по продолженија.

Воопшто не изгледаше дека ќе биде толку тешко кога по 23 минути игра, со головите на Кулушевски и Мората, „бјанконерите“ поведоа со 2-0. Во 28. минута намали Цибора, а во 74. минута Мелегони ги изненади домаќините израмнувајќи го резултатот.

Кога виде дека ѓаволот ја однесе шегата, Пирло за продолжението во игра го стави Кристијано Роналдо иако беше планирано тој да одмора за дербито со Интер во текот на викендот. Португалецот не постигна гол, но го разигра Јувентус, а Рафиа во 105. минута се погрижи за победа на неговиот тим.