ВИДЕО: Младите НБА ѕвезди одиграа интересен натпревар – Дончиќ погоди од паркингот

Лука Дончиќ го одбележа крајот на првиот дел од натпреварот на младите НБА ѕвезди.

Младите кошаркарски ѕвезди кој во петок навечер ја отвараат НБА Олд стар сезоната веќе традиционално, одиграа интересен натпревар.

Тимот на „светот“ против тимот на Америка, а крајниот резултат беше во полза на американската екипа (151:131).

Првиот дел им припадна на „тимот на светот“ 81:71, за потоа момците од Америка да одиграат и да го освојат овој натпревар.

Повторно потег на мечот беше во режија на фантастичниот Лука Дончиќ, кој од половина терен упати удар и тој беше прецизен.