(ВИДЕО) Митревски се приклучи на селекцијата – со аплауз пречекан во Дебрецин

Еден од најискусните во нашата ракометна селекција Никола Митревски го пропушти стартот на ЕП 2022 и мечот со Словенија откако беше еден од петмината кои беа позитивни на корона пред заминувањето за Унгарија.

Сепак откако доби негативен тест, популарниот „Никуч“ вечерва се приклучи на селекцијата во базата во Дебрецин каде што беше пречекан со аплауз од соиграчите.

Иако засега се уште не е официјално, големи се шансите утре Митревски да биде во составот на Лазаров за мечот со Црна Гора.