(ВИДЕО) Мириса на титула – Ливерпул убедлив против Манчестер Сити

Екипата на Ливерпул го доби големото дерби на англискиот фудбал откако вечерва славеше над Манчестер Сити со резултат од 3-1.

„Црвените“ на „Енфилд“ немаа милост за актуелните шампиони и го совладаа со 3-1. Веќе по воведните 13 минути момците на Јирген Клоп поведоа со 2-0 преку Фирињо и Салах.

Во овој период Сити се жалеже на два судиски превиди, игра со рака и офсајд, но судијата не реагираше.

Садио Мане на стартот на вториот дел во 51. минута погоди за 3-0 и ги реши сите дилеми за денешниот победник. Почесниот гол за гостите го даде Силва во 78. минута.