ВИДЕО: Михајловиќ повторно во солзи – но сега од една поинаква причина

Зад српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ се и убави работи и лоши кои ги мина последниот период, но тој повторно имаше емотивно издание.

Тренерот на Болоња деновиве е повторно емотивно скршен, но сега за разлика од претходно, кога му беше дијагностицирана леукемија, сега има многу убава причина да слави, па сега има солзи радосници.

Тој ја доби веста од својата ќерка Вирџинија дека е во благословена ситуација и дека наскоро тој ќе ја добие најважната улога во животот, се оствари како родител и татко, а сега ќе стане и дедо.

Сакаме да ви откриеме нешто, додека веќе по којзнае кој пат пишувам, најмагичното дрхтење го доживеав деновиве на своја кожа. Ќе станеме родители со мојот сопруг, ви пишувам дека наскоро ќе станеме мајка и татко, а вие баба и дедо“, стоело во писмото кое Михајловиќ го добил од неговата ќерка.

Реакцијата на Синиша Михајловиќ е фантастична, солзи на лицето кога дознава дека ќе биде дедо во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia Mihajlović (@virgimih)