(ВИДЕО) Меси со голот на сезоната ја завери титулата на ПСЖ во Франција

Фудбалерите на ПСЖ вечерва ја освоија новата шампионска титула во Франција откако во ремито со Ленс и математички му побегнаа на второпласираниот Марсеј на 16 бода предност.

ПСЖ вечерва доста се мачеше, но на крајот успеа да го скрши отпорот на гостите со играч повеќе, но се испостави дека ни мајсторијата на Меси не беше доволна за победа.

Дансо во 57. минута доби втор жолт картон и автоматско исклучување, па ПСЖ дополнително го притисна ривалот.

Клучниот момент на мечот се случи во 68. минута кога Нејмар го проигра Меси, а Аргентинецот од 25 метри ја испрати топката под пречката и го постигна својот најубав погодок сезонава.

Иако ПСЖ имаше играч повеќе, им дозволи на гостите да дојдат до израмнување во самиот финиш. Во 88. минута Мачадо испрати повратна во петерецот, а Жан беше на вистинскот место и лесно погоди за конечни 1:1.

Сепак, и овој бод му беше доволен на ПСЖ за математички да стане шампион.