ВИДЕО: Мерцедес даде најава како ќе изгледа новиот болид, презентација на 14 февруари

Љубителите на Формула 1 со нетрпение ја очекуваат новата сезона, каде се очекува повторно голема борба меѓу главните ривали.

Минатата сезона доминираше повторно Мерцедес заедно со Луис Хамилтон, кои едноставно немаа доволно добра конкуренција.

Мерцедес денеска го претстави својот нов болид, односно како ќе наликува тој, а официјална и целосна презентација ќе видиме на 14 февруари.