(ВИДЕО) Медалистите разочарани од неквалитетните одличја на ОИ во Париз

Некои олимписки победници од Париз не се задоволни од квалитетот на освоените медали. Американскиот скејтбордер, Најџа Хјустон го фотографирал својот медал и вели дека неговата бронза од Париз веќе е во лоша состојба.

Хјустон освои бронза во екипна конкуренција за САД, а седум дена по освојувањето на медалот го критикуваше квалитетот.

– Овие олимписки медали изгледаат одлично кога се сосема нови. Но откако го ставив на мојата кожа со малку пот и им дозволив на моите пријатели да го носат во текот на викендот, очигледно не се толку квалитетни како што изгледаат.

Предниот дел почна да се распаѓа. Мислам дека треба да го подобри квалитетот на медалите, напиша тој на социјалните мрежи.


Данскиот бадминтонец, Виктор Акселсен освои златни медали во Токио 2021 и во Париз, па ги спореди. Олимпискиот медал од Токио изгледа многу подобро од оној од Париз.

Што се однесува до златните медали, тие не се целосно златни. Само на ОИ во 1904, 1908 и 1912 година медалите беа целосно од чисто злато.

ИОК воведе норма според која шест грама чисто злато треба да има во златниот медал на ОИ. Останатите 523 грама употребени за златниот медал се од сребро со минимална чистота од 92,5 проценти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО