ВИДЕО: Мареј поразен од Фоњини, во третиот сет имаше драма на зборови меѓу двајцата

Енди Мареј неодамна се врати на терените по сериозните повреди кои ги имаше. Во првото коло од турнирот во Шангај, Мареј запиша победа во прво коло, но во второто беше запрен од Фоњини.

Италијанскиот тенисер го освои првиот сет со 7:6, но Мареј одговори со 1:1 во следниот сет. Во последниот сет гледавме прилично неизвесен натпревар, а сетот го доби Фоњини со 7:6.

Но во финишот на третиот сет падна сериозна расправија меѓу двајцата тенисери, која можеше да ескалира, но сепак остана на неколку недолични зборови.