ВИДЕО: Манасков со атрактивен гол го посрамоти голманот на Загреб

Веспрем вчера успеа да забележи рутински триумф над тимот на ППД Загреб со резултат 36:28, доминацијата на унгарската екипа беше преточена во голема победа.

Нашиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков, на оваа средба имаше запазена улога и големо влијание на резултатот.

Тој беше стрелец на 4 погодоци, од кои еден екстра атрактивен, од позадина, кога успеа да го прати голманот на Загреб по „цигари“.