(ВИДЕО) Манасков постигна СПЕКТАКУЛАРЕН гол против ППД Загреб

Унгарски веспрем од оваа сезона повторно е дел од СЕХА лигата, а Унгарците вечерва го совладаа ППД Загреб со убедлив резултат од 36-28.

Нашиот репрезентативец Дејан Манасков одигра одличен натпревар на кој даде четири гола од пет обиди, а еден од нив беше навистина вистинска мајсторија.

Погодокот на крај беше на крајот и прогласен за најдобар на средбата.

Вистинско „ремек дело“ со погодок од зад грб, а воедно топката помина и низ нозете на противничкиот голман, што го прави голот уште поатрактивен.