(ВИДЕО) Македонски спортист заглави во карантин, па секојдневно се снима како поминува

Како што е познато Македонија започна да ги враќа во државата своите граѓани кои останаа заглавени ширум Европа поради Корона вирусот.

При доаѓање во Македонија истите мора да поминат задолжителе 14 дневен државен карантин, што е случај и со нашиот снукер шампион Павле Данилов.

Тој откако го имаше својот настап на ЕП во Поргугалија успеа некако преку Грција да си дојде дома.

Веднаш заврши во карантин од каде што објавува секојдневно видеа на својот канал на Јутуб.