ВИДЕО: Македонија му организира дочек на Георгиевски на плоштад во четврток

Македонската таеквондо федерација организира свечен пречек на момчето кое носи олимписки медал во Македонија.

Дејан Георгиевски кој вчера ги направи сите навивачи во Македонија горди на постигнатото, освои сребрен медал, губејки во финалето од рускиот таеквондист Ларин.

Со ова остварување, Георгиевски стана најуспешен македонски спортист на Олимпијадите по осамостојувањето на Македонија.

Така да, славјето и задоволството кај навивачите се огромни, а утревечер ќе му биде организиран пречек на плоштадот со почеток од 19:30 часот.

Тој веднаш по пристигањето на аеродромот, ќе биде префрлен до плоштадот, каде следува вистинското славје со навивачите.