ВИДЕО: Македонија може да почне да сонува – најава од ЕХФ за нашата репрезентација на ЕП

ЕХФ подготви промотивен видео материјал за нашата ракометна репрезентација и нејзиното учество на Европското првенство во јануари следната година.

Ова натпреварување годинава ќе се одржува во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка.

Со видеото ЕХФ ја промовира нашата репрезентација, а во самиот материјал му е оддадена посебна почест на капитенот Лазаров, кој има неверојатни бројки на големите турнири сите овие години.

Инаку, селекцијата на Македонија ќе биде во група со Чешка, Австрија и Украина, турнирот се игра од 10 до 26 јануари.