(ВИДЕО) Македонија има најоткачено либеро на ЕП

Македонија денеска го игра последниот натпревар на Европското одбојкарско првенство. Нашите репрезентативци немаат шанси за пласман во следната фаза и досега ги забележаа сите пет порази, но тоа не значи дека атмосферата во нашата селекција е лоша.

Најдобар доказ за тоа е и расположението кај нашето либеро, Дарко Ангеловски, кој се најде во центарот на вниманието непосредно пред самиот меч.

Имено, за време на претставувањето и поздравите на одбојкарите, Ангеловски беше тотално искулиран (ненамерно) од страна на останатите репрезентативци, но тоа не го спречи да си направи свое шоу благодарение на неговата позитивна и откачена енергија.