(ВИДЕО) Македонец хит во европските медиуми – лупа во дупнат тапан!

За нашите навивачи не постојат никакви пречки да ја бодрат македонската репрезентација на Европското првенство, па дури и кога фактичката ситуација не им оди во прилог.

Таков е случајот и со овој навивач кој на вчерашниот натпревар против Украина, во моментите кога бевме во налет и се боревме за израмнувачки гол, не престана да грми.

Не му пречеше ни тоа што неговиот тапан е дупнат бидејќи тој и натаму ја бодреше репрезентацијата во ритам. За него вчера и денеска пишуваат речиси сите европски медиуми.