(ВИДЕО) Лукаку ја продолжува потерата по Роналдо – погоди по 32 секунди

Нешто повеќе од еден кошаркарски напад му беше потребен на Ромелу Лукаку да го доведе Интер во водство на дуелот против Џенова.

По 34 секунди игра, Белгиецот го пронајде патот кон мрежата на противничкиот тим и повторно се доближи на еден гол од Кристијано Роналдо, на врвот на листата на стрелците во Серија А.

Сега има цел натпревар да постигне барем уште еден и да се израмни со него или да даде два и да избие сам на чело.